СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација е на 60 минути до пласман во последниот бараж за место СП 2023. Во 17 часот го игра реваншот против Романија, нашите момци имаат позитива од осум гола од првата средба, останува да ја повторат истата игра и да закажат двобој со Чешка. На трибините во салата “Динамо” е претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, кои секогаш се со ракометарите и веруваат во нив. Со боите во знакот на Македонија веќе се на трибините, очекуваат пласман во последниот бараж за Мундијалот.