Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, го попуштил последниот тренинг на тимот во пресрет на натпреварот од 29. коло на ла Лига со екипата на Барселона. Веста ја објави новинарот Хозе Луис Санчез.
Според него, францускиот напаѓач се уште чувствува непријатност во мускулите и неговиот настап од првата минута на „Ел Класико“ утре е се уште е под знак прашалник.
Натпреварот од 29. коло ќе се одигра утре во Мадрид. Реал Мадрид има 66 бода во 28 натпревари и се наоѓа на првото место на табелата на шпанското првенство, додека Барселона со 51 бод е на 3 место.