Вардар е вистинскиот тест за шампионот Струмица

120

Викендов на домашната одбојкарска сцена носи неколку интереџсни пресметки. Кај мажите, одбојкарите на Струмица 47&72 ќе го бранат максималниот ефект во досегашниот дел од сезоната на гостувањето кај Вардар кој има десет победи по ред. Шкендија ќе се обиде да се качи на второто место, доколку слави на теренот на ГОК Борец, а со очекуван триумф против Лирија, Универзитет во Тетово може да направи клучна предност во намерата што порано да обезбеди полуфинале.

Кај дамите ќе има две градски пресметки во четвртото коло од елитната група. Јанта волеј Кисела вода ќе го пречека Работнички Скопје кој досега нема пораз, а Струмица ќе се обиде да ја прекине лошата низа против Наковски волеј.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (5.коло)

Универзитет во Тетово – Лирија                 (денеска, 20.00)

Вардар – Струмица 47&72                        (сабота, 19.00)

ГОК Борец – Шкендија                               (сабота, 16.00)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (5.коло)

Македонија Џио – Штип УГД                           (сабота, 18.00)

Дибра волеј – Весна Пробиштип                 (сабота, 14.30)

***Слободна е екипата на Јанта волеј

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (4.коло)

Струмица – Наковски волеј                           (сабота, 18.30)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје                (понеделник, 18.00, пренос МРТ-3)

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (4.коло)

Вардар – Пелистер волеј                               (сабота, 15.00)

Универзитет во Тетово – Фит фан волеј              (сабота, 19.00)

ПретходноПМФЛ: Автокоманда се “остри“ за Шкендија, Тиквеш ги дочекува “пандевци“, Ренова – Работнички под Шара…
Следно„Газета“ тврди: Ридигер се договорил со Јувентус