Вестбрук ги спаси Лејкерс со тројка во финишот (ВИДЕО)

141

ЛА Лејкерс породолжува со битката за пласман меѓу 10 најдобри во Западната конференција, за плеј-ин турнирот кој ќе им донесе место во доигрувањето. Лејкерси во оваа борба дојдоа до важна победа, против Торонто по продолжение. Дуелот заврши со 128-123.

Најголемиот дел од заслугите одат на сметка на Расел Вестбрук, кој со тројка се избори за продолжение. Торонто на 10 секунди до крајот требаше да го имаат последниот напад, но Лејкерси ги принудија да згрешат, Вестбрук ја украде топката и погоди за дополнителни минути надеж.

Средбата ја заврши со трипл-дабл од 22 поени, 10 скока и исто толку асистенции. Одличен беше Леброн Џејмс со 36 поени, 9 скока и 7 асистенции. На другата страна Барнс имаше 31 поен, 17 скока и 6 аистенции.

 

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Далас 111:101, Атланта – Мемфис 120:105, Бруклин – Портланд 128:123, Њујорк – Вашингтон 100:97, Хјустон – Индијана 118:121, Мајами – Оклахома 120:108, Сан Антонио – Њу Орлеанс 91:124, Јута – Л.А. Клиперс 121:92, Феникс – Чикаго 129:102, Сакраменто – Бостон 97:126.

ПретходноВеспрем во Скопје нема да биде сам!
СледноЛазаров со една измена за реваншот со Романија, Пасквал подготви „изненадување“!