Врие во фудбалски Штип: “Фалангата“ го менува Илчо!

5084

Како што дознаваме се чини дека Илчо Ѓорѓиоски тешко дека и натаму ќе биде тренер на Брегалница. Имено во фудбалски Штип атмосферата е зовриена, посебно фановите не се задоволни од настапот на тимот предводен од стратегот Илчо Ѓорѓиоски денеска во Битола, каде загубија од Пелистер со 2:0.

Инаку вечерва, дел од фановите на Брегалница, водачите на “фалангата“ и уште неколкумина од нив, го дочекале автобусот кој пристигнал од Битола на Градскиот стадион во Штип. Имале потоа блиска средба со Илчо, на кого му е кажано дека тој мора да си оди за доброто на Брегалница.

Интересно е тоа што во тие моменти ги немало првиот човек на клубот Кире Гогов и директорот Никола Тонев.

Сега на потег е самиот Илчо, но се разбира и самиот клуб.

ПретходноМилевски го повика Ердон Даци место повредениот Адис Јаховиќ!
СледноБаерн го “торпедира“ Унион Берлин, нови рекорди на Левандовски и Ноер! (ВИДЕО)