Каков шамар за Путин: Украина директно на СП во Катар!?

2255

ФИФА и УЕФА по се изгледа дека му спремаат нов удар на Владимир Путин. Имено познато е дека репрезентацијата на Русија, поради агресијата врз Украина, е исклучена од баражот за СП во Катар. Но тоа не е се. И ФИФА и УЕФА спремаат преседан, а тоа е Украина да не игра бараж и директно да се пласира на Мундијалот во Катар.

Ако ова е вистина, тогаш можеме само да ја замислиме реакцијата на Путин.

Да се потсетиме дека Украина треба да игра полуфинале од баражот со Шкотска, а потоа победникот од овој меч да игра против подобриот од дуелот меѓу Велс и Австрија.

Со оглед на војната во Украина, оваа земја своите баражи треба да ги одигра во јуни место сега во март.

Но јасно е дека војната нема шанси да трае така кусо, па ФИФА и УЕФА имале намера да и пратат на Украина специјална покана за Мундијалот на кој би играле 33 репрезентации во тој случај.

Додека Шкотска би играла бараж со победникот од мечот меѓу Велс и Австрија.

Оваа вест ја одобруваат во Фудбалскиот сојуз на Велс, од таму велат дека е човечки на Украина да и се даде шанса сепак да заигра на Мундијалот.

А, Русија ќе остане дома…

ПретходноМихајловиќ не ни дава никакви шанси: Италија ќе ја победи Македонија, а потоа и Португалија!
СледноМилан со три бода кај Каљари со кои ита кон титулата! (ВИДЕО)