Кире Лазаров: Имав повеќе грешки, но издржав, сепак имам 42 години!

1546

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева

И покрај поразот сепак селекторот Кире Лазаров не го криеше своето задовоство од фактот дека Македонија оди натаму во баражот за СП. Тој веднаш по мечот покрај другото изјави…

Паски не ме изненади со ништо. Дефанзивата што ја постави мене ми беше позната од Барселона. Многу е тешко да се направи напад на таа дефанзива. Ова е голема работа за нас. Романија е сериозна репрезентација со многу сериозен селектор. Можеби јас сум преголем оптимист, сакав да победиме и тука. Но не бевме ние толку слаби колку што оние беа добри во дефанзивата. Сега треба да се анализираат овие два меча, да видиме што беше добро за нас, што беше лошо“.

Сега играме со Чешка…

За три недели не чека двомеч со Чешка. Ги знам момците како колеги, како другари, како семејство. Сега друг е односот, сега јас сум одговорниот. Мислам дека сме на добар пат. Имаме потенцијал, ни треба работа, ни треба континуитет. Сега прво треба да се мобилизираме заеднички, зошто се работи за Македонија. Треба да го продолжиме контиунитетот на настапи на големите натшреварување. Сега со неколку искусни играчи и младите да ја градиме таа нова генерација“.

Лазаров признава дека направил неколку грешки на теренот како играч…

Знам дека направив неколку грешки, но сепак имам 42 години. Одредени момци се уклочија, едноставно тежината на мечот. Не беа полетни. Мораме да се држиме до нашиот систем на игра. Толку беше бучно па моравме од еден од еден да се договараме. Во секој случај најважно е што одиме натаму“ заврши нашиот селектор.

ПретходноТомовски: Со Чешка ќе ни треба ниво погоре!
СледноНов кикс на шампионот: Интер само до бод со Фиорентина! (ВИДЕО)