Манев: Брегалница сака од Битола да се врати со трите бода!

122

 

Брегалница е во налет, „сините“ врзаа две победи по ред, со Пелистер и Борец на свој терен, па така сакаат и трет триумф во серија. Денеска гостуваат во Битола, во натпревар од 24.коло, каде одново се среќаваат со Пелистер, со тимот кој славеа пред десет дена со 2:1 во Штип.

Јован Манев, младинскиот репрезентативец на Македонија, тоа што очекува од дуелот со Пелистер, има свој коментар…

“Се наоѓаме во еден позитивен период по тие две победи.Јасно е дека тоа не смее да не опушти, играме со Пелистер, со тимот кој на последниот меч со Ренова кога освои бод најдобро покажа дека нема да ни биде нималку лесно. Ќе биде тежок дуел за нас, сепак јас сум оптимист и верувам и посакувам од Битола денеска да се вратиме со трите бода“посочи Манев.

ПретходноЛазаров со една измена за реваншот со Романија, Пасквал подготви „изненадување“!
СледноГостивар заработи парична казна за јавно коментирање на судиите