Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се пред заминување од клубот на крајот од сезоната.
Според англискиот печат, летово истекуваат договорите на Пол Погба, Единсон Кавани, Џеси Лингард и Хуан Мата и најверојатно ниту еден од нив нема да остане на „Олд Трафорд“.
Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година и за него како следна дестинација се споменува Италија. Кавани е во својата втора сезона во Јунајтед, но планира враќање во јужна Америка, додека за Лингард има повеќе интересенти од Премиерлигата.