Му нема спас: И Осасуна го „потопи“ Леванте, Барди одигра 75.минути!

143

Се чини дека и дефинитивно на Леванте му нема спас во битката за опстанокот во Ла Лига. Вечерва во меч од 29.коло, “фенерџијата“ загуби со 3:1 на гостувањето кај Осасуна, па така тимот на Енис Барди веќе може слободно да се “пакува“ за Втората лига.

Да кажеме дека нашиот репрезентативец беше стартер во поразениот тим, беше во игра до 75.минута кога беше повлечен од теренот.

Головите за Осасуна беа дело на Авилја во 44.минута, Будимир во 57.минута зголеми на 2:0, додека третиот гол го постигна Брашанац во 64.минута. Поразот го ублажи Марти во 76.минута.

ПретходноНов кикс на шампионот: Интер само до бод со Фиорентина! (ВИДЕО)
СледноМилевски го повика Ердон Даци место повредениот Адис Јаховиќ!