Швајцарецот Марко Одермат е победник на последниот велеслалом во сезоната кој денеска се возеше во Мерибел.
Со оваа победа Одермат ја потврди доминацијата во велеслаломот во кој е и вкупен победник, освојувач на малиот кристален глобус.
Втор денеска заврши Норвежанецот Лукас Братен (+0,49), а трет беше уште еден Швајцарец Лоик Мејард (+0,63).