Осимен за нов триумф на Наполи (ВИДЕО)

154

Тимот на Наполи со двата гола на Виктор Осимен дојде до значајна победа на домашен терен од 2:1 во дуелот против Удинезе.

Во меч во кој гостите рано поведоа преку Жерар Делофеу, Наполи мораше да се намачи и да се враќа од негатива во вториот дел. За среќа на домашните по којзнае кој пат сезонава разположен Осимен кој погоди во 52. односно 63. минута.

Елиф Елмас влезе во последните моменти од мечот, додека пак Илија Несторовски го преседе целиот меч на клупата.

ПретходноПрвиот човек на РФМ, Мукаетов и Милошевски од лице место ги бодрат ракометарите (ФОТО)
СледноПМФЛ:Шкендија ја “освои“ Автокоманда, „пандевци“ триумфално, ЧУДО – Пелистер победи…