Завршија сите пет денешни мечеви од 24.коло во ПМФЛ. Шкендија ја “освои“ Автокоманда. Успеа да дојде до трите бода. Маестралниот погодок на Менсалао беше доволен за 0:1, за Шаља стави точка на победата на тетовци.
Со головите во 1.и 90 минута, на Велиновски и Митровски, Академија Пандев со 1:2 успеа да слави во Кавадарци. Тиквеш преку Нгоба израмни на 1:1, имаше и поништен гол но сепак победата оди во Струмица.
Ренова со 2:1 успеа да го победи Работнички, во меч кој гостите во 90+4. го ублажија поразот.
Македонија ЃП со голот на Атанасковски успеа да триумфира во Велес против Борец со 0:1.
ЧУДО. Пелистер во 24 меч во ПМФЛ успеа да победи.Конечно. И тоа против Брегалница со 2:0 со головите на Петар Љамчевски и Натрант. Каков срам за штипјани и нивниот тренер Илчо Ѓорѓиоски.
Вчера, Шкупи на гости кај Струга ТЛ победи со 1:3.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 24.КОЛО
ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ 1:2
(Нгоба 54./Велиновски 1.,Митровски 90.)
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0:2
(/Менсалао 11., Шаља 64.)
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 2:0
(Љамчевски 23.Натрант 90./)
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 2:1
(Селмани 49., Шефити (п) 58./Рушевиќ)
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
(/Атанасковски 5.)
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1:3
(Босанчиќ 45./Адетунџи 45+3., Радески 71., Имери 87.)
ТАБЕЛА
Шкупи 58, А. Пандев 48, Шкендија 47, Македонија ЃП 43, Ренова 36, Брегалница 36, Работички 31, Струга ТЛ 30, Скопје 22, Тиквеш 21, Борец 13, Пелистер 10.