Полувреме: Велиновски „тресеше“ во 35 секунда, Тиквеш оштетен, Пелистер води, мајсторија на Менсалао…

407

Одлични и супер интересни 45 минути во Кавадарци на мечот меѓу Тиквеш и А.Пандев од 24.коло во ПМФЛ. Гостите во 35 секунда поведоа со голот на Велиновски. Но во 7.минута спорен момент, шутираше Темелков, топката се чини ја мина гол – линијата на „пандевци“, но судиите не покажаа на центарот.

Во Битола изненадување, со голот на Петар Љамчевски тимот на Пелистер води со 1:0 против Брегалница.

Македонија ЃП води во Велес со голот на Атанасковски, додека во Тетово каде играат Ренова и Работнички нема голови по првото полувреме.

Мечот на Автокоманда меѓу Скопје и Шкендија започна со десетминутно доцнење. Тука водат тетовци со мајсторскиот гол на Менсалао во 11.минута.

ПретходноРоманските фанови се намонтираа пред македонските ракометари (ФОТО)
СледноГранада го доби трилерот со Алавес