Пелистер – Брегалница 2:0. Прв триумф на битолчани сезонава, и тоа со 2:0 и тоа над Брегалница. Секако дека за оваа победа најсреќен треба да биде Марјан Секуловски, стратегот на Пелистер кој до пред некој месец беше предводник на „сините“, но тие одлучија за нов тренер да го именуваат Илчо Ѓорѓиоски.
“Па, искрено нема никакви емоции по оваа победа кај мене. Секако дека сум среќен, задоволен, секоја чест за играчите на Пелистер, сите честитки одат кај нив. Сметам дека заслужено победивме. Ете, и тоа дојде, и Пелистер да победи. Релно играме со младинци, а и во минатите кола требаше барем еднаш да славиме“ изјави за “Спортмедиа“ Марјан Секуловски.