Романија е архивирана, Македонија во Букурешт е поразена со два гола разлика, па се покажа дека позитивата од осум гола е недостижна за Чави Пасквал и неговите избраници.
Сега ни останува она главното, а тоа е двомечот со Чешка за пласман на СП следната година. Ова е тоа вистинското за нас, за момците на Кире Лазаров.
Првата средба се игра на 13 април на гостински терен во Злин. Реваншот е закажан за четири дена подоцна, на 17 април во Скопје, секако пред преполни трибини ракометарите ќе се борат за уште еден пласман на ново големо натпреварување за да продолжат да бидат најдобриот национален тим кој го има Македонија.