Не Гризман и Жоао Феликс, но затоа тука беше Коке. Токму капитенот на Атлетико Мадрид во 49.минута беше тој што ја затресе мрежата на нашиот Столе Димитриевски за 0:1, со кој му донесе големи три бода на неговиот тим на гостувањето кај Рајо Валјекано.
Иако Македонецот беше сосема солиден, за голот не бепе виновен, но сепак и тој и неговиот тим беа поразени иако не одиграа така лошо. Домашниот состав имаше шанси и за реми.
Инаку ова беше десетти меч во серија за Рајо во 2022 година на кој нема победа во Ла Лига.