Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, оптимистички гледа кон вечерното дерби во ла Лига кој неговиот тим Рајо Ваљекано го очекува против Атлетико (М). Во интервју за „Радио Марка“, Столе вели дека се надева на прекин на серијата без победа.
„Жоао Феликс и Гризман не ме заплашуваат, напротив ме мотивираат да ја задржам мрежата празна. Тие се двајца одлични играчи, светски топ напаѓачи, емотивно е да се игра против нив. Има многу награди ако ја зачуваш мрежата, а најмалку добиваш барем еден бод“, вели Столе.
За падот во формата на Рајо по одличната есенска полуетапа, Димитриевски додаде: „Нашиот прв круг беше најдобар во Европа и нормално е да имаме пад. Сепак, мислам дека овој пад е завршен против Севиља . Мора да се подобриме во пресрет на натпреварот со Атлетико“.