Томовски: Со Чешка ќе ни треба ниво погоре!

297

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева

Македонија загуби од Романија, но сепак оди натаму, големата победа во Скопје беше недостижна за домаќинот. Сега ни претстои баражот со Чешка. За тоа како го оценува мечот во Букурешт свое видување има нашиот голман Мартин Томовски, кој мечот го заврши со девет одбрани. 

Мислам дека влеговме максимално. Во нападот имавме проблем со нивната одбрана, тука се создаде некоја нервоза. Можеби тоа резултираше да имаме негатива“, изјави Томовски.

Вардаровиот чувар на мрежата вели дека треба да се извлечат добрите работи од двомечот со Романија и да се гледа напред. Против Чешка, ќе мора да се одигра многу подобро.

Ќе ги извлечеме убавите работи, поминеме натаму.Ќе ги анализираме грешките, но мора да гледаме напред. Одиме на Чешка, тоа е квалитетна репрезентација. Ќе дадеме се од себе за да одиме на СП. Сепак со Чешка ќе ни треба ниво погоре“ изјави нашиот голман.

ПретходноСо Чешка на 13 април во Злин, реваншот во Скопје четири дена подоцна!
СледноКире Лазаров: Имав повеќе грешки, но издржав, сепак имам 42 години!