По серијата огромни разочарувања и порази, тимот на Херта конечно победи и освои три бода кои многу ќе значат во обидот сезонава да се опстане. Тимот од Берлин на домашен терен го совлада Хофенхајм со 3:0 и тоа со головите на Стар, Белфодил и Тоусар. Херта доминираше на овој меч и пред полните трибини на Олимпискиот стадион заслужи конечно да се радува сезонава.
Со овие три бода, Херта стигна до бројката 26. и е 16 на табелата.
Маинц против Арминјија Билефелд на домашен терен ја покажа својата сила победувајќи со 4:0 додека пак, Фрајбург киксираше кај веќе испаднатиот што се вели Гројтер Фурт одигрувајќи само 0:0.
Резултати:
Гројтер Фурт – Фрајбург 0:0
Херта – Хофенхајм 3:0
Маинц – Арминија 4:0
Штутгарт – Аугзбург 3:2