Вардар 1961 успеа да завери осминафинале во Лигата на шампиони. Но, за противник таму го доби тимот на Веспрем. На избраниците на Давид Дејвис ќе им треба чудо за да дојдат до 1/4 финалето, унгарскиот тим е голем фаворит.
Првата средба се игра во Скопје (31 март), во меѓувреме додека трае продажбата на билети, стигна информација дека Веспрем на трибините ќе има поддршка. Засега се најавени околу 275 навивачи.