„Газета“ тврди: Ридигер се договорил со Јувентус

69

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер е многу блиску до трансфер во Јувентус, открива весникот „Газета дело Спорт“.

Според изданието, 29-годишниот фудбалер се договорил за личните услови од договорот и би потпишал 4-годишен договор со „бјанконерите“.

Германецот на лето ќе стане слободен играч, па торинскиот клуб ќе го добие бесплатно.

Ридигер има искуство во Серија А, откако од 2015 до 2017 година играше за Рома.

ПретходноВардар е вистинскиот тест за шампионот Струмица
СледноКвартараро тргнува од пол-позиција во Индонезија