Интер продолжува со лошата серија, па така сега одбраната на титулата и тоа како е проблематична. Вечерва на свој терен шампионот дојде смо до бод против Фиорентина, во натпревар од 30.коло во Серија А.
Тореира во 50.минута му донесе водство на гостинскиот тим, за да Дамфрис пет минути подоцна успеа да израмни. До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси за понеда, побројни беа оние на Интер, но на крајот се заврши со резултат 1:1.
Треба да се каже дека првакот на последните шест меча во Серија А има само една победа, е така не се доаѓа до титулата. Интер сега има 60 бодови, Милан 63, а Наполи исто 63, но наполитанците имаат и меч повеќе.