Романските фанови се намонтираа пред македонските ракометари (ФОТО)

393

СПОРТМЕДИА во Букурешт, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација за еден час ќе го одигра реванш дуелот со Романија за место на СП 2023. Дел од фановите, оние најгласните веќе се монтираа на трибините, токму од страната на која се загреваат нашите ракометари. Засега нема најави дека салата ќе биде полна, се чини поразот од осум гола во Скопје, не ги мотивираше Романците да дојдат во салата “Динамо”.

Сепак, организациски барем овие навивачи кои во моментов се присатни се на високо ниво, затоа што со нив имаат цел оркестар со инструменти, кои не се штеди во исполнувањето на својот репертоар во моментов. Мечот во Букурешт започнува во 17:00 часот.

 

 

ПретходноСака му донесе три бода на Арсенал (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Велиновски „тресеше“ во 35 секунда, Тиквеш оштетен, Пелистер води, мајсторија на Менсалао…