Без паника. Не е повреден Бобан Николов, и тоа не е причината што тој не е во составот на својот тим Шериф Тираспол на мечот против Сф.Георге на гостински терен. Причината е сосема поинаква, и ја покажува големината на клубот каде што Николов настапува.
Нашиот репрезентативец е ослободен од обврските да го игра денешниот меч затоа што треба навреме да стигне на прозивката на А репрезентацијата на Македонија која што е закажана за утре. Со оглед на ситуацијата во тој дел од светот (конфликтот во Украина), редовните авионски летови се многу ретки, и единствената можност на време да пристигне Николов во Македонија, е да тргне од Тираспол во текот на денешниот ден. За наша огромна среќа Николов ќе ористигне во хотелот Хилтон во Скопје, базата на А репрезентацијата на време во текот на денешниот ден и ќе му се стави на располагање на селеткорот Благоја Милевски.