Дали има поента да се доигра оваа сезона?

2004

ФК Вардар по денешниот меч на Воска и Охрид во рамките на Втората лига, се најде погоден од резултатот кој никако не им оди во прилог. Од таборот на „црвено-црните“ излегоа со соопштение на својата оофицијална „Фејсбук“ страница.

СПОРТМЕДИА ви го пренесува во целост.

„По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата.
ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини (@www.ffm.mk) и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата?
Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“, велат од Вардар.

ПретходноСити е полуфиналист во ФА купот (ВИДЕО)
СледноЗума и Сон за нов триумф на Тотенхем (ВИДЕО)