Тимот на Тотенхем дојде до уште една победа во домашниот Премиер лига шампионат откако попладнево на домашен терен со 3:1 го совлада тимот на Вест Хем.
Одличниот старт на мечот, односно погодоците на Зума и Сон му донесоа водство кое потоа беше преполовено со голот на Бенрама.
Во второто полувреме неколку ситуации кои можеа и да му донесат плус два на Тотенхем но и 2:2 на Вест Хем. Сепак, ниту една не беше искористена се до последните секунди од мечот кога Сон со својот втор гол ги постигна конечните 3:1.