МОТО ГП: Оливеира победник во хаосот во Индонезија, пад на Маркез! (ВИДЕО)

139

Португалецот Мигел Оливеира од тимот на КТМ е победник на Мото ГП за големата награда на Индонезија која се возеше утринава на патеката на “Мандалика“. Ова за Оливеира беше четврта победа во “кралската класа“ во неговата кариера.

Втор заврши Фабио Квартараро на Јамаха, а трет Жоан Зарко на Прамак Дукати. Силните врнежи од дожд го одложија првичниот старт, но сепак и на самата трка условите беа далеку од идеални. Да потсетиме дека на патеката не се појави Марк Маркес кој на последниот тренинг имаше пад и веднаш беше пренесен во болница.

ПретходноРусинката им одговори на Украинците: Кој беше исфрлен кога ја бомбардираа Србија?
СледноЗАПАД: Битка за Охрид, Вардар на гости кај Велешта, лидерот во Дебар!