Вашингтон ја расипа историската вечер на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

260

Леброн Џејмс го прескокна Карл Мелоун на второто место на вечната листа на најдобри стрелци на сите времиња во НБА-лигата. Пред „кралот“ останува само Карим Абдул-Џабар, кој му „бега“ со 1440 кошеви. Оваа сезона Џејмс има просек од 29,8 поени, а со таков просек може да се доближи на помалку од поени до врвот на оваа листа.

Оваа посебна вечер сепак ја расипа Вашингтон кој славеше со 127-119. На Џејмс му беа потребни 19 поени за да го стигне Мелоун, истите ги постигна во првото полувреме, додека на крајот мечот го заврши со 38 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Во таборот на победничкиот тим Порзингис имаше 27 поени, Визардс направија пресврт во последната четвртина која ја добија со 34-20. Лејкерси сега имаат скор од 30-41, имаат само една победа повеќе од Њу Орлеанс, па им се заканува пад на 10 место на табелата во Западната конференција.

На останатите средби, Кливленд го совлада Детроит, додека Далас беше поразен од Шарлот со 129-108 и покрај одличната игра на Лука Дончиќ. Словенецот мечот го заврши со 37 поени.

ПретходноСари во свој стил му одговори на Мурињо: Престанав да пушам!
СледноНадал после голема битка го совлада својот наследник за финале!