Емини го реши дербито во Охрид, Парталко погоди за Вардар (ВИДЕО)

2522

Во ВМФЛ Запад конкуренцијата предмалку се одигра новото коло во кое немаше изненадувања. На дербито во Охрид помеѓу домаќинот и тимот на Воска, триумфираше кандидатот за влез во првата лига, со конечни 0:1. Клучен момент на мечот беше пеналот во 87. минута кој го реализираше Изаир Емини.

Вардар пак со голот на Ерен Парталко, успеа да слави кај Велешта во исклучително тежок натпревар за игра. Младиот напаѓач погоди во 72. минута.

Антонио Каланоски е единственот стрелец на мечот Кораби Силекс со кој лидерот на табелата и легитимно најсериозниот кандидат за пласман во елитата освои уште три важни бодови. Тимот на Гостивар и покрај иницијативата и шансите, сепак, на домашен терен одигра само 0:0 против Беса, додека пак Тетекс немаше поголеми проблеми со Кадино и триумфираше со 0:4.

 

 

Резултати:

Гостивар – Беса 0:0

Охрид – Воска 0:1

Велешта – Вардар 0:1

Кораби – Силекс 0:1

Кадино – Тетекс 0:4

ТАБЕЛА: Силекс 50, Воска 45, Вардар 40, Тетекс 31, Гостивар 26, Беса 22, Кораб 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6.

ПретходноЈуве се рехабилитираше против Салернитана (ВИДЕО)
СледноКожуф го совлада лидерот Слога, Победа броеше до пет кај Детонит