Еуро Никел го запиша третиот триумф во низа, вкупно 11. оваа сезона, откако на гостувањето кај Куманово славеше со 67-75 . Кавадарчани со оваа победа останаа во игра за место во Супер-лигата, сега имаат бодови пред Феникс, кој падна кај ТФТ.
Избраниците на Горан Самарџиев мечот го добија во второто полувреме, во кое го дигнаа нивото на игра. По првите две четвртини имаа негатива од 39-31. Одморот добро им дојде на гостите, третата четвртина ја добија со 9-22, а потоа во последните десет минути рутински го приведоа дуелот.
Џекиќ со 16 поени беше прв стрелец, два поени помалку имаше Калахан, Соколов беше стрелец на 13 поени. На другата страна Марјанович имаше 23 поени.