ЗАПАД: Битка за Охрид, Вардар на гости кај Велешта, лидерот во Дебар!

265

Супер интересни два меча не очекуваат денеска во рамките на 20.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека главната битка ќе се води во Охрид, каде што на СРЦ “Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат градските ривали Охрид и Воска Спорт. Нема сомневање дека ќе биде жестоко, посебно ако се знае што се случуваше на последното градско дерби. И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, секако дека Воска е мал фаворит на хартија.

Вардар има тешко гостување, и тоа кај Велешта. Вардар не е во добра форма, и кога победува тоа го прави едвај што се вели. На гости игра очајно, а денеска треба да се победи Велешта, ако не, е, тогаш тоа ќе биде уште една катастрофа за вардарци.

Силекс гостува во Дебар, кај тимот на Кораби, уште еден голем предизвик за составот на Горазд Михаилов.

На останатите мечеви се среќаваат Кадино – Тетекс и Гостивар – Беса.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (ДЕНЕСКА 15 Ч)

ГОСТИВАР – БЕСА

КАДИНО – ТЕТЕКС

ВЕЛЕШТА – ВАРДАР

ОХРИД – ВОСКА

КОРАБИ – СИЛЕКС

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 47

2.ВОСКА 42

3.ВАРДАР 37

4.ТЕТЕКС 28

5.ГОСТИВАР 25

6.БЕСА 21

7.КОРАБИ 20

8.ОХРИД 19

9.ВЕЛЕШТА 17

10.КАДИНО 6

ПретходноМОТО ГП: Оливеира победник во хаосот во Индонезија, пад на Маркез! (ВИДЕО)
СледноВлезници за мечот Италија – Македонија може да се купуваат до вторник!