Екипите на Ливерпул и Манчестер Сити ќе се пресметаат меѓу себе во полуфиналето на најстарото англиско натпреварување ФА купот. Сити денеска го совлада Саутемптон со 4:1, додека Ливерпул славеше над Нотингем Форест со 1:0 со гол на Диого Жота во 78. минута.
Четири минути подоцна фудбалерите на Нотингем бараа пенал, судијата прегледа ВАР снимка па одлучи да не досуди удар од белата точка што донесе разочарување кај фудбалерите на навивачите на Нотингем.
А во полуфиналето Ливерпул ќе се соочи со Манчестер Сити, додека во другото полуфинале Челзи ќе игра со Кристал Палас. Полуфиналните натпревари се на 16 и 17 април.