Надал после голема битка го совлада својот наследник за финале!

591

Рафаел Надал завери место во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, откако го совлада својот сонародник Карлос Алкараз, со 2-1 по сетови 6:4/4:6/6:3 после повеќе од три часа. Во битката за трофејот шпнаскиот тенисер ќе игра против Американецот Тејлор Фриц.

Надал продолжи со совршената серија, дојде до скор од 20 победи во низа, а истата ја почна на стартот на оваа година, на Австралија опен, каде го освои 21. гренд слем титула. И ова не е се, тој ќе го игра 53. мастерс финале.

Шпанецот стигна до 954 победа и го урна рекордот на Роџер Федерер кој имаше 953 победи.

ПретходноВашингтон ја расипа историската вечер на Леброн Џејмс (ВИДЕО)
СледноРамос нема дилеми каде ќе игра следната сезона!