Швеѓанецот Арман Дуплантис освои златен медал на Светското атлетско првенство во сала што се одржува во Белград со нов светски рекорд од 6,20 метри. Среброто го освои Бразилецот Тијаго Браза со 5,95 метри, а бронзата ја зема Американецот Кристофер Нилсен со прескокнати 5,90 метри.
Со тоа го подобри претходниот светски рекорд кој го постави тој самиот од 6,19 метри.
MONDO DUPLANTIS 6.20 NEW WR#WorldIndoorChamps pic.twitter.com/Qp5enyKkO3
— matteo (@matteorchmd) March 20, 2022