Ниту „Д“ од дербито на Рим, Рома го уништи Лацио за едно полувреме (ВИДЕО)

164

Сите оние кои очекуваа дерби меч на пресметката во Рим помеѓу Рома  и Лацио се разочараа вечерва. Наместо дерби добија лекција по фудбал од Рома за лутиот ривал и триумф од 3:0. И тоа со голови постигнати во првиот половина час по што беше јасно каде оди овој двобој.

Тами Абрахам погоди уште во првата минута за водство, па зголеми во 22., за да во 40.минута Пелегрини реализира за 3:0.

Сите помислија дека ова ќе биде вистинска катастрофа на Лацио но во вториот дел, Рома рутински одигра до уште една победа во дербито на Рим.

ПретходноТФТ сигурно чекори кон Супер-лигата, Феникс загуби „здив“
СледноЕуро Никел победнички низ Куманово