Претседателот на ИОК Томас Бах доаѓа во Скопје!

156

На денешен ден, пред 30 години, во Хотел Холидеј Ин,во Скопје на иницијатива на група спортски работници и пет Национални спортски федерации од Република Македонија, беше основан Македонскиот олимписки комитет, институција која е чадор организација на Македонските спортски федерации, институција во која членуват Олимписките и не-олимписките спортски федерации, националниот Паралимписки комитет, истакнати спортски работници и спортисти.

Централната прослава за одбележување на овој свечен чин ќе се одржи на 10 Јуни, кога во Скопје ќе се одржи Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, со присуство на 50 Национални олимписки комитети од Европа, голем број на претседатели на Меѓународни спортски федерации, а и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах го потврди доаѓањето во Скопје, на оваа свечена прослава.

ПретходноКристал Палас си поигра со Евертон и се пласира во 1/2 финалето во ФА! (ВИДЕО)
СледноАјакс со пресврт го доби дербито на Холандија