По повод вчерашното соопштение Тиквеш, ФК Академија Пандев излезе со реакција:
„Реакција на соопштението на ГФК Тиквеш за натпреварот од 24-то коло! ФК Академија Пандев издвои победа на вчерашното гостување во Кавадарци над екипата на ГФК Тиквеш со резултат 2-1. После натпреварот од страна на домашниот тим излезе соопштение во кое се омалуважува победата на нашите фудбалери со „судење по нарачка“.
Би сакале да ја запознаеме јавноста дека во оваа натпреварувачка сезона екипите на Академија Пандев и Тиквеш одиграа три натпревари во текот на сезоната, а на два од трите натпревари Тиквеш беше домаќин. Академија Пандев на сите три издвои победи. Заслугата за оваа победа, како и сите претходни оди само кај фудбалерите и стручниот штаб на нашиот тим. Во соопштението е наведена историјата на Тиквеш со судиската четворка на некои претходни натпревари, а тој проблем најмалку на засега нас како клуб.
Ставот на клубот околу целосното раководење на македонскиот фудбал од страна на ФФМ јавно е искажан и е непроменет. Колку сме ние „поврзани“ со судиите зборува фактот што цел ОФС Струмица е заборавен оваа година, каде најмногу страдаат струмичите судии, делегати и контролори. Ако некој страда ради непослушност и не дадаена поддршка на оваа раководство на ФФМ, тоа се фудбалските работници од Струмица и регионот.
Без разлика на неоснованите напади кон нашиот клуб од страна на ГФК Тиквеш, нашето позитивно мислење за клубот Тиквеш и како еден од најспортските градови Кавадарци е непроменето. Ете ја имате поддршката од нас за да покренете иницијатива за воведување на модерна технологија на сите стадиони, па место да се објаснуваме со соопштенија и реакции, судиите да имаат сензори кои ќе даваат знак кога топката ќе ја помине гол линијата. Во коментар ќе поставиме и неколку видеа од спорни моменти од истиот натпревар на штета на Академија Пандев“.