Трикратната олимписка победничка во уметничко лизгање, денес пратеничката на руската Дума, Ирина Родњина во интервју за „РБ Спорт“ остро му одговори на украинскиот тенисер Александар Долгополов, кој тврдеше дека руските тенисери треба да бидат исфрлени од турнејата.
„Треба да бидеме мудри и трпеливи. Тоа што го кажа е смешно. Украински тенисер кој не е меѓу првите 100, подобро ќе биде да не зборува.
Кога НАТО ја бомбардираше Србија, сите земји мирно учествуваат во натпреварувањата. Не зборувам за САД кои водеа толку многу војни и никој во целата историја на олимпиското раководство не го покрена прашањето за отстранување на американските спортисти. Ова уште еднаш покажува селективност и многу болен однос кон нашите одлуки“.