ТФТ и Феникс во важна битка за Супер-лига

230

Во центарот на вниманието во рамките на 19. коло во Првата лига е дуелот меѓу ТФТ и Феникс, кој е закажан со почеток во 18:30 часот. Ова е пресметка е една од одлучувачките за двата тима за пласман во Супер-лигата.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија е во подобра позиција од дебитантот. Има победа повеќе на четири кола до крајот на регуларниот дел, па со триумф веќе широко ќе гледа кон Супер-лигата.

На другата страна Феникс, најпријатното изненадување ќе мора да го освои целиот плен во СЦ „Кале“ доколку сака да продолжи битката со Еуро Никел за историска сезона.

Кога сме кај кавадарчани ќе имаат тешка задача, гостуваат кај Куманово (18 часот). Тука мора да дојдат до триумф за да останат најмалку на шестото место пред последните битки за место во Супер-лигата. Имаат 28 бода исто колку и Феникс.

Претходно Ангели е домаќин на Академија ФМП, меч кој е закажан со почеток во 17 часот.

ПретходноМиркуловски: Првата цел е остварена, со толку многу технички грешки тешко се победува!
СледноУбава вест: “Лавот“ Адеми е спремен за Италија…