ТФТ сигурно чекори кон Супер-лигата, Феникс загуби „здив“

113

ТФТ и Феникс понудија вистинска дерби пресметка. Дебитантот уште еднаш на дело покажа зошто гласи за еден од најнезгодните противници оваа сезона во Супер-лигата. Победникот на оваа средба беше одлучен во последната четвртина, целиот плен му припадна на актуелниот освојувач на Купот на Македонија кој слваеше со 77-68 во меч од 19 коло во Првата лига.

Костоски со 21 поен и 6 асистенции беше прв стрелец, Симит имаше 15 поени. На другата страна Морган и Трајковски имаа по 21 поен.

По изедначената игра во првите десет минути кои завршија во корист на гостите 22-24, кошаркарите на ТФТ одиграа неверојатно добро во следниот период, особено во одбраната. Феникс постигна само осум поени, додека на другата страна домаќинот реализираше 23, па на одморот замина со предност од 45-32.

Избраниците на Денис Дервишевиќ не се предадоа, предводени од Трајковски и Морган целосно се вратија на дуелот. По само две и пол минути игра во последната четвртина поведоа по долго време 63-64.

Сепак ТФТ со тројка на Костоски и две слободни фрлања нешто подоцна, дојде на плус шест (70-54) на нешто помалку од пет минути до крајот.  Актуелниот освојувач на Купот на Македонија успеа да задржи позитива, доволна за да дојде до важни бодови за сигурно чекорење кон Супер-лигата.

ПретходноЗума и Сон за нов триумф на Тотенхем (ВИДЕО)
СледноНиту „Д“ од дербито на Рим, Рома го уништи Лацио за едно полувреме (ВИДЕО)