Нашите млади репрезентативци до 21.година, заедно со селекторот Драган Канатларовски и неговиот стручен тим се собраа во хотелот „Парк“во Скопје. Ова значи дека и го означија стартот на подготовките за претстојните квалификациски средби со Србија во Белград и со Фарски Острови во Скопје. Се разбира дека прво беа направени корона – тестови, како што и треба.
Да потсетиме, со Србија играме на 24 март со почеток во 17 часот, додека со Ф. Острови дома на Арената во Скопје на 29 март со почеток во 18 часот.