Екипата на Академија ФМП максимално ја оправда фаворитската улога против дебитантот Ангели, го совлада со 56-83 во последниот меч од 19. коло. За „академците“ ова беше 13. триумф оваа сезона, истата ги издигна на третото место на табелата, имаат 32 бода, три помалку од второпласираниот тим на МЗТ Скопје.
Целиот меч мина во знакот на домашниот тим, поведе со 11-22, на одморот позитивата беше 25-41. До крајот кошаркарите на Академија ФМП рутински го приведоа дуелот.
Крстајиќ имаше 19 поени, Ајви запиша 13 поени, еден помалку имаше Двојаковски. На другата страна Атанасов и Милков имаа по 12 поени.