Зајц победи во Оберсфорд, а Кобајаши се уште лидер пред „финалето“ на Планица

166

Словенечкиот ски-скокач Тими Зајц победи на денешните скокови на скокалницата во Оберсдорф. Toj по двата скока имаше 407,9 поени, а второто место му припадна на полскиот ски-скокач Пјотр Жила со 401,1 поен, а трет е Штефан Крафт со 399,8 поени.
Да кажеме дека Крафт беше најдобар во првиот ден на Оберсдорф, во саботата, а тогаш Словенецот Жига Јелар беше втор, додека трет заврши Тими Зајц.
Во севкупниот поредок и понатаму е во водство Рују Кобајаши со 1544 поени, а втор е Карл Гајгер со 1478 поени.
На 25 и 27 март е „финалето“ во ски-скокови на Планица каде ќе се додели и трофејот за најдобриот во светскиот куп оваа сезона.

ПретходноАкадемија ФМП убедливо против дебитантот
СледноНеверојатниот Дуплантис постави нов светски рекорд (видео)