Португалецот Мигел Оливеира од тимот на КТМ е победник на Мото ГП за големата награда на Индонезија која се возеше утринава на патеката на “Мандалика“. Ова за Оливеира беше четврта победа во “кралската класа“ во неговата кариера.
Втор заврши Фабио Квартараро на Јамаха, а трет Жоан Зарко на Прамак Дукати. Силните врнежи од дожд го одложија првичниот старт, но сепак и на самата трка условите беа далеку од идеални. Да потсетиме дека на патеката не се појави Марк Маркес кој на последниот тренинг имаше пад и веднаш беше пренесен во болница.
AWESOME from @_moliveira88! 💪
A wet weather Mandalika masterclass from Miguel! 👏#IndonesianGP 🇮🇩 pic.twitter.com/FjkgSJNUmm
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 20, 2022