Тренерот го фати за врат свој играч кој доби црвен картон

611

Венеција е поразена од Сампдорија со 0:2 во 30. коло на Серија А, а во финишот на мечот тренерот Паоло Занети за малку ќе го истепаше својот фудбалер затоа што доби црвен картон. Во 85 минута напаѓачот на Венеција Томас Анри доби втор жолт картон и беше исклучен. Додека Анри излегуваше од теренот Занети му се изнавика и го фати за вратот и за малку ќе го истепаше. Италијанските медиуми пишуваат дека Занети веројатно ќе бидат казнет и суспендиран затоа што се се случи пред ТВ камерите.

ПретходноЕуро Никел победнички низ Куманово
СледноСтартуваше „мисијата Италија“, Македонија полека се комплетира (фотогалерија)