Сараево – Посушје 6:0, во меч од елитната лига во БиХ. За нас тоа не било толку интересно, ако не се знае дека стратег на “бордо“ тимот е нашиот Александар Васоски, а во тимот се и Даниел Аврамовски и Крсте Велкоски. Медиумите во БиХ известуваат дека не се памети кога тоа Сараево извојувало толку висока и убедлива победа.
Инаку Аврамовски беше стартер и играше до 75.минута кога беше заменет со Велкоски.
Иако ниту едениот ниту другиот не се запишаа во листата на стрелците, сепак Сараево на “македонски“ погон просто ја “скина“ мрежата на Посушје.