Јуве се рехабилитираше против Салернитана (ВИДЕО)

250

По шокантната елиминација од Лигата на Шампионите од Виљареал, екипата на Јувентус мораше да бара утеха единстено во успехот на домашна сцена. Скудетото сеуште е на дофат, а со победите од типот на онаа денеска против Салерниата, кој реално однапред се впишани истото е се поблиску.

Јуве обезбеди домашна победа со 2:0 преку головите на Дибала и Влаховиќ и имаше обезбедено триумф по само половина час.

Со овој триумф Јувентус стигна до котата 59 на своето салдо, додека пак Салернтана е убедливо последна со само 16. поени.

Емполи и Верона одиграа 1:1 откако домашните преку Ди Франческо стигнаа до водство. Симеоне промаши пенал за гостите во вториот дел, но Канселиери успеа да ја поправи неговата грешка во 71. минута.

ПретходноЛестер со нови три домашни бодови
СледноЕмини го реши дербито во Охрид, Парталко погоди за Вардар (ВИДЕО)