Поразот во синоќешното Ел Класико од Барселона со високи 0:4 во таборот на Реал Мадрид нема добро „ да легне“. Ќе се бараат виновници, ќе се анализира, дебатира. Како и зошто дојде до најглемиот дебакл во последната деценија.
Тренерот Карло Анчлоти по мечот секако дека ја презема целата вина врз себе што е и нормално изјавувајќи дека сепак ова е само еден пораз и дека мора да се продолжи понатаму.
„Играа подобро од нас. Ние имавме ужасна вечер и тоа е тоа. Тешко е секако затоа што ова е Ел Класико, и затоа што игравме против Барса. Жал ми е. Но мораме да бидеме мирни. Не треба да се прави трагедија, или некаква драма од ова. Мора да го заборавиме овој меч што побргу и да продолжиме понатаму. На играчите во соблекувалната по мечот им реков дека јас сум виновен. Толку“ – изјави Карло Анчелоти на прес конференцијата по мечот.
Реал Мадрид и натаму е прв на табелата со 66. бода, додека Барселона е трета со 54. бодови и меч помалку.