Вардарки победнички низ Крива Паланка

101

Овој викенд се одиграа два од трите предвидени натпревари од 4. коло од „оролоџото“ во женската Прва лига.

Својот дуел од ова коло, против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, актуелниот бранител на титулата ќе го одигра вечерва.

Фаворитите ја потврдија својата улога. Иако потешко од предводувањата, екипата на Вардар славеше победа на гостувањето во Крива паланка (64:58). Лидерската екипа во првенството, Бадел 1862 без особени проблеми, како гостин, го победи Пробаскет (89:63).

Кошаркарките на Гризли, очекувано, славеа победа на гостувањето кај Риниа (83:34), па сега, на две кола до крајот на регуларнито дел, се изрaмнија според бројот на бодовите со досега водечкиот состав на Трокал. Двете екипи имаат скор (12-2) со забелешка дека екипата од Скопје има подобар скор во меѓусебните натпревари.

Зад нив, со ефект (11-3) е екипата на Патриот 2016 која во ова коло беше подобра од Гостивар 2009 со сигурни (68:52).

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО – ОРОЛОЏО

Крива Паланка – Вардар           58:64

Пробаскет – Бадел 1862             63:89

Струга 2009 – слободен

21.03: Баскет КАМ 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА: Бадел 1862 31, Баскет КАМ 2011 28 (-1), Вардар 27, Крива Паланка 21, Струга 2009 20, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), Пробаскет 14;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Тим Арена – Шкупи         50:66

Патриот 216 – Гостивар  68:52

Мега Баскет – Куманово            51:68

Риниа – Гризли      34:83

Трокал – слободен

ТАБЕЛА: Трокал 26, Гризли 26, Патриот 2016 25, Шкупи 22, Тим Арена 22, Гостивар 2009 21, ЖКК Куманово 2020 18, Риниа 16, Мега Баскет 14;

ПретходноМанчини: Нема да биде лесно со Македонија, сепак нашата цел е освојување на СП!
СледноПелистер убедлив во дербито на дното во АБА 2-лига (ФОТО)